Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авторите на софтверот ќе почнат да работат на апликациите за Windows 10

Авторите на софтверот ќе почнат да работат на апликациите за Windows 10

Изненадувачки за сите, „Microsoft“ веќе ја отвораат можноста за авторите на софтверот да работат на апликациите кои ќе бидат компатибилни со „Windows 10“ (на Xbox One, компјутери, телефони и таблети).

Очекувањата беа дека компанијата ќе ги сподели деталите за ова прашање за време на конференцијата на „Build“ во април.

Пакетите и апликациите кои ќе ги користат програмерите се' уште не се во финална верзија и идејата на компанијата е да им даде повеќе време на авторите на софтверот да се запознаат со нив.

Првата верзија на „SDK“ пакетот ќе им овозможи на програмерите да ги менуваат апликациите, така што ќе може да работат со уредите со различна големина на екранот, и да ги оптимизираат за работа со тастатура и глувче или допир.

Слично

Поврзани вести