Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобил кој ја менува бојата според годишните времиња!

Автомобил кој ја менува бојата според годишните времиња!
Луѓето кои долго се двоумат за каква боја да се одлучат кога купуваат кола , овие двоумења наскоро ќе бидат минато. Имено, британска фирма разви автолак кој ја менува бојата според годишните времиња и реагира на промената на температурата , пишува сајтот Geekologie.com . Термичката боја е наречена Reactive Paint и доаѓа од британската фирма Auto Candy . Обоениот со неа автомобил станува од црн - црвен кога ќе врне студен дожд, на пример. Со покачувањето на температурата пигментите во автолакот стануваат безбојни , при што ја откриваат основната боја на возило . Но со падот на температурата тие се бојадисуваат во различни бои. Реактивните бои чинат 199 фунти за литар , а  за бојадисување на еден со средна големина автомобил, се трошат 7,5 литри . За жал овие нови лакови траат само помеѓу 4 и 6 месеци поради влијанието на ултравиолетовите сончеви зраци. По овој период тие го губат " камелеонското " својство.
Слично

Поврзани вести