Автобуси на ЈСП ќе добијат музеј
Нов музеј со бесплатен влез е решението како најкорисно да се искористи гаражата на ЈСП во населбата Ѓорче Петров. Според најавите ЈСП своите стари автобуси планира да ги паркира во овој музеј. Напролет се очекува претпријатието да изложи по еден примерок од сите автобуси кои досега се возеле во Скопје.
Автобусот марка "леланд", единственото возило кое остана од најстарите автобуси. Произведен е во 1969 година ќе биде изложен во музејот. Во него има 23 столчиња и простор за стоење за 77 патници. Излепен е со слики од старо Скопје и со плакати за 60 години ЈСП"Скопје", пишува Вест.
Наскоро како што најавуваат од ЈСП"леландот" ќе биде пуштен како атракција да вози меѓу новите автобуси.
Слично
