Авон укинува 600 работни места
Козметичката куќа Авон ќе укине околу 600 работни места, вклучувајќи и цела единица во Северна Америка, обидувајќи се да се врати на профитабилната работа.
Фирмата која се занимава со директна продажба на козметика, објави загуби во пет од последните шест квартали, а на крајот на минатата година имаше 36.700 вработени, вклучувајќи 4.300 во САД.
Укинувањето на работните места и другите напори за реструктурирање се очекува да резултираат со годишни заштеди од 50 до 55 милиони долари, соопшти Авон. Компанијата се обидува да внесе позитивни промени во работата по серијата проблеми со кои се соочи на клучните пазари - Русија, Јужна Америка и САД.
Нето загубите на Авон се зголемија на 168,4 милиони долари или 38 центи по акција во првиот квартал од годинава, додека само една година претходно изнесуваа 13,7 милиони долари или три центи по акција.
Продажбата во Северна Америка во првиот квартал опадна за 22%, како резултат на соочувањето со конкуренцијата од евтини козметички производи во аптеките.
Мрежа за директна продажба на своите производи Авон има и во Македонија.
Слично
