Авиокомпанија доби дозвола да ги мери и патниците
Хавајска авиокомпанија доби дозвола од американското Министерство за сообраќај да ги мери и патниците.
Hawaiian Airlines претходно ја воведе оваа пракса, по што имаше поплаки од патниците.
Сепак, Министерството ја одобри нивната одлука, пренесува Мирор.
Наместо патниците сами да бираат седиште, откако ќе бидат измерени им се кажува каде треба да седат за да има рамномерен распоред во авионот.
Некои патници се жалеле дека се работи за дискриминација, но од авиокомпанијата велат дека тоа се прави од безбедносни причини.
Објаснуваат дека во период од шест месеци со мерењата е направено истражување, но останува можноста и други компании да ја воведат оваа пракса.
Слично
