Avenga Academy: Кога делата зборуваат – иднината се создава
Во свет каде технологијата постојано ја редефинира иднината, Avenga Academy (Авенга Академи) веќе 15 години го гради мостот меѓу знаењето и реалните вработувања. Како дел од глобалната групација Avenga, академијата претставува еден од највлијателните центри за едукација во областа на ИТ, дизајн и бизнис, создавајќи заедница од над 20.000 алумни и 200 искусни ментори.
Под мотото „When I complete Avenga Academy, I won’t tell, but there will be signs“, Академијата „Авенга“ ја лансира својата нова кампања посветена на студентите кои преку труд, знаење и истрајност ги градат своите кариери – без големи зборови, но со видливи резултати. Токму врз максимата „Делата зборуваат посилно од зборовите“ се потпираат новите комуникациски активности на едукативниот центар специјализиран во сферата на бизнисот и ИТ индустријата.
„Во време кога сите зборуваат, ние
решивме да оставиме делата на студентите да зборуваат наместо нас. Нашата нова
кампања ја симболизира суштината на она во што веруваме — дека вистинскиот успех
не се декларира, туку се гледа преку резултати.Во изминатите 15 години изградивме
заедница од над 20.000 студенти и 200 ментори кои секојдневно докажуваат дека
знаењето и посветеноста значат повеќе од празни зборови и ветувања“, велат од менаџерскиот тим на Avenga Academy.
Avenga Academy е носител на меѓународни лиценци и сертификати од светски брендови како Microsoft, Cisco, CompTIA, EC-Council, ISTQB, Kryterion, ACI, Certiport и Meazure, преку кои ги спојува највисоките образовни стандарди со практично искуство за да ги подготви студентите за иднината на работата, каде технологијата и човечкиот потенцијал одат рака под рака.

Годинава, едукативниот и тренинг центар ја прошири
својата програма со уште две нови академии: програмирање со примена на
вештачка интелигенција и продукт и проектен менаџмент, но постои и
надополнување на постоечките програми со модули на примена на вештачка
интелигенција, како и алатки кои се побарувани на пазарот.Дополнително,
отворени се и уписите за:Web Design и Front-End
Development, Graphic Design со Figma и Video Content Creation, Game Design и
Production, UI/UX Design, Sales & Business Development, Computer Networks
& ITOps, Cyber Security, Software Testing со Playwright и AI, DevOps, Data
Science и Digital Marketing.
Со силен фокус на иновација, практична примена и
партнерства со индустријата, академијата претставува мост меѓу
образованието и професионалниот свет, подготвувајќи ги идните генерации за
вистинските предизвици на пазарот.
„Авенга
Академи“ (поранешен Сеавус
Едукативен и Развоен Центар) е пионер на модерното неформално образование и
дел е од глобалната групација „Авенга“.
