Аудио опремата на „Теохаров“ е македонска гордост: А, најновите звучници, со потпис на легендата Влатко Стефановски и брендот
По многу нешта имаме со што да се гордееме кога е во прашање нашата земја. Тука секако свое значајно место заземаат и звучниците „Теохаров„, бренд кој во секое парче што го произведува, користи делови од највисок степен и природни материјали, рачно изработени во прекрасни аудио компоненти од висока класа. Оцените за овој бепрекорен квалитет ги потврдија и глобално реномирани познавачи на звукот, кои го ставија на светската мапа.



Презентација ја отвори актерот Срѓан Јанакиевиќ кој рече:
- Потпирајќи се на релевантни научни факти и со јасна определба за неприкосновен квалитет, употребена е најнапредна технологија и внимателно одбрани компоненти, обединети во производи со имресивни карактеристики и изглед на уметничко дело со долготрајна вредност. ...патем, сите производи на Теохаров имаат неограничена корисничка поддршка.

Гостин на промоцијата беше и македонската музичка легенда Влатко Стефановски кој ексклузивно најави дека заеднички ќе се дизајнира звучник кој ќе биде симбиоза на Стефановски и Теохаров. Производ кој ќе ги носи основните карактеристики на Теохаров, а кој е визуелно и концепциски дизјаниран по идеја на Влатко и кој ќе има “боја” на звукот по преференциите на Стефановски.
Пред пригодниот коктел, присутните имаа можност да ја слушнат музиката на Стефановски преку аудио опремата на „Теохаров“ и да се опуштат во кристалниот звук...




