АТЛЕТИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО 5 ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
Во конкуренција од 190 земји учеснички и над 7.000 Атлети, нашиот тим покажа и докажа како вистински се претставува државата
Скопје/Берлин, 03.07.2023 година Во период од 17. до 25. јуни 2023 година тим од 13 атлети одСпецијална Олимпијада – Северна Македонијаучествуваше на Светските Специјални Олимписки Игри (Special Olympics World Games) во Берлин. Од настапите вопет дисциплини: кошарка, пливање, бадминтон, атлетика и пинг-понгмакедонските репрезентативци освоија вкупно 5 медали, и тоа:

-
Бронзен медал: Марио Мицковски,пливање, категорија“100 метри слободен стил“;
-
Бронзен медал: Јане Никодиновски, бадминтон;
-
Сребрен медал:Јулијана Петровска,
атлетика,категорија “Скок
во далечина од место“;
-
Сребрен медал: Стефан
Трпковски,пливање,категорија“100
метри грбно“;
-
Златен медал:Агрон
Хајредини, атлетика,категорија“Скок во далечина од место“.


Во таа мисла голема благодарност за безрезервната поддршка и вербата која ја имаа во нас единствено Агенцијата за Млади и Спорт на Република Северна Македонија и НЛБ БанкаСкопје. Веруваме дека успехот ќе биде препознаен и ги охрабруваме сите добронамерни национални Органи и Институции, комерцијални субјекти и заинтересирани да застанат до нас, на страната на успесите.

“За мене, секој еден Член, претставник од нашата Специјална Олимпијада – Северна Македонија е победник. Заедно покажавме како со посветеност, вложен труд и многу работа резултатите се загарантирани. Освоивме 5 медали, но уште поважно – ги освоивме и срцата на присутните во Берлин, а верувам и во Македонија. Навистина се гордееме со сите наши атлети, партнери, помагатели и директни учесници во овие Светски Специјални Олимписки Игри. Честитки и до тренерите кои беа во секој миг до нашите атлети, поддржувајќи ги неуморно.“ – изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада – Северна Македонија.

По повод успесите на олимпијците,Претседателот на УО на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ, како нивни најголеми поддржувачи, ги сподели силните импресии:„Среќни сме за нашите Олимпијци кои успеаја годинава да го дадат максимумот за време на натпреварувањата во Берлин и со 5-те освоени медали ја докажаа силната посветеност и мотив да се надминат бариерите и да се прошират спортските капацитети и вештини. Им благодариме за ентузијазмот и успесите! Ја делиме со нив страста за спортот, тој за нас претставува универзален јазик кој ни помага да ги надминеме културните, јазичните и физичките бариери. Уште еднаш упатуваме честитки за феноменалните резултати и веруваме дека заедно со нив ќе продолжиме да создаваме подобар свет преку инклузија, и тоа не само во спортот, туку и во сите сфери на општеството.“









###
Светските Специјални Олимписки Игри имаат за цел обединување на различни култури и нации на едно место, без разлика на нивните ставови и размислувања, придонесувајќи за зголемување на степенот на инклузивност преку спортот. Оваа година, на игрите настапија над 190 земји со 7.000 репрезентативци, поддржани од над 3.000 тренери и 20.000 волонтери. Атлетите се натпреваруваа на 26 различни дисциплини. За време на оваа манифестација, покрај учеството во натпревари, атлетите имаа можност меѓусебно да се дружат, да се запознаат со голем број луѓе ширум светот, но и да ја демонстрираат моќта на подадената рака – со активна вклученост во различни сфери во општеството, како спортот, до стимулирање на развојот на лицата со интелектуална попреченост.
За “Специјална Олимпијада - Северна Македонија“
Формирана пред повеќе од 20 години, таа е дел од “Специјална Олимпијада“ (Special Olympics), светски раширено движење активно во повеќе од 150 држави од целиот свет, со над 2.2 милиони активни учесници и околу 750.000 волонтери. Како олимписки партнер на “Меѓународниот Олимписки Комитет“ (International Olympic Committee), “Специјална Олимпијада“ годишно организира и реализира повеќе од 200 национални програми - натпреварувања кои вклучуваат локални, национални, регионални и светски натпревари, турнири и игри.
“Специјална Олимпијада - Северна Македонија“ функционира како непрофитабилна и невладина организација која опфаќа еден многу важен општествено-социјален сегмент, со посебен акцент кон лицата со пречки во развојот. “Специјална Олимпијада - Северна Македонија“ има 10.000 активни членови, од кои 2.500 се Атлети.
ПР Објава