Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атлантик група освои признание од списанието Euromoney

Атлантик група освои признание од списанието Euromoney
Водечкото, светско финансиско списание Euromoney, ги објави резултатите од последното истражување за најквалитетно водени компании во 2015 година, според кое Атлантик Група е прогласена за добитник на признанието во категоријата најдобро водена компанија во Хрватска, второ најдобро водена компанија во регионот на средна и источна Европа и добитник на признанието во категоријата на најдобро водена компанија во областа на храна и пијалоци во регионот на средна и источна Европа. Листата на најдобро рангирани компании според изборот на Euromoney се темели на истражувања на аналитичари од водечките банки и истражувачки институти низ целиот свет. Учесниците во истражувањата номинираа компании според повеќе критериуми од промисленоста на бизнис стратегијата, квалитетот на корпоративното управување, транспарентноста на финансиските извештаи, моќта на пазарот и профитабилноста на компанијата, потенцијалот за раст и квалитетот на менаџментот и платите. Атлатник Група е исклучително горда што во 2015. година е препозната како компанија која успешно работи, има квалитетен систем на корпоративно управување и транспарентна пракса на комуникација кон финансискиот пазар. Списанието Еuromoney е основано во 1969. година со цел да ги следи движењата на "европазарот" кој тогаш почнува да се формира како меѓународен пазар на капиталот, односно претходник на денешниот глобален пазар на капитал. Денес е во премиум категоријата на финансиски публикации со исклучителен углед во стручната јавност која дава длабински анализи за движењата на капиталниот пазар, инвестициските можности и зафати, записи и парични текови и стручни прашања од областа на макроекономија и финансии. Истражувањата кои ги спроведуваат независните експерти од мрежата на Euromoney претставуваат глобална референца кога станува збор за вреднувањето на компаниите во одредени индустриски сектори, односно во рамките на одредени региони.
Слично

Поврзани вести