Атлантик Група ја превзема дистрибуцијата на Филипс Консумер Лајфстајл дивизијата во Хрватска
Филипс Хрватска и Атлантик Група договорија соработка со која од овој септември Атлантик Група ја превзема дистрибуцијата на производи од Филипсовата Консумер Лајфстајл Дивизија за хрватскиот пазар.
Оваа дивизија на светски познатиот, реномиран производител на техника ги опфаќа производите за лична нега и мали апарати за домаќинство, сегмент во кој Филипс е лидер во продажбата и иновациите. Атлантик Група ја превзема дистрибуцијата во сите канали на продажба на хрватскиот пазар (малопродажба, електро канал, онлајн продажба, фарма канал). Вредноста на договорот за 2016 година е над 3,5 милиони евра, со значителен раст на потенцијалот за продажба.
КВАЛИТЕТНА ДИСТРИБУТИВНА ПОДДРШКА
Новото партнерство за Атлантик претставува признание за исклучителната дистрибуција. Филипс е компанија со над 120 години традиција во креирање на индустриски трендови и задоволување на потребите на потрошувачите, па секако претставува огромно задоволство што еден од водечките глобални брендови го идентификуваше токму Атлантик за дистрибутивна поддршка, со добро координиран тим кој одлично го познава пазарот и негува квалитетни односи со потрошувачите. Со ова Атлантик уште еднаш се афирмира како регионален дистрибутивен лидер, кој на своите партнери им овозможува квалитативно и квантитативно унапредување на дистрибуцијата и јакнење на промоцијата на брендовите.
ЗА ФИЛИПС
Ројал Филипс е една од водечките технолошки глобални компании со разни деловни активности, примарно фокусирана на подобрување на квалитетот на животот низ иновации во подрачјето на здравствената нега, потрошувачка техника и расвета. Основана е во 1891 година во Холандија со седиште во Амстердам. Компанијата функционира во повеќе од 100 земји, а во 2014 година бележи раст на вкупната продажба во вредност од 21,4 милијадри евра.
