Asus го откри VivoTab 8, 8-инчен Windows 8.1 таблет
Компанијата Asus на ИФА 2014 саемот откри бројни производи, но еден уред оставија за денеска.
Се работи за таблет наречен VivoTab 8, кој се одликува со 8-инчен IPS LCD екран резолуција со 800x1280 пиксели со густина од 188ppi, како и Windows 8.1 оперативен систем.
Она што исто така треба да се издвои кај овој таблет е 64-важниот Интелов процесор, а во прашање е quad-core Atom Z3745 кој работи на 1,86 GHz. Истиот просецор се наоѓа и во MeMO Pad 7 Android таблетот претставен на самиот почеток на ИФА 2014. Таблетот ќе има 1 или 2 GB RAM меморија во зависност од регионот каде ќе биде продаван, 32 GB интерна меморија со простор за microSD картичка, две камери од 2 мегапиксели како и батерија од 15,2 Wh која обезбедува осум часа работа.
Asus VivoTab 8 го очекуваме наскоро во продажба, но цената засега не е позната.
