Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРС СТУДИО дел од годинешниот епицентар на светското творештво– 28.Саем на книгата во Скопје

АРС СТУДИО дел од годинешниот епицентар на светското творештво– 28.Саем на книгата во Скопје

Една од најреномираните издавачки куќи на нашите простори, АРС СТУДИО, е дел од годинешниот Саем на книгата - епицентарот на светското творештво. Оваа година АРС СТУДИО учествува на 28. Меѓународен саем на книгата во Скопје, а вчеравечер во 18:00 часот во промотивниот центар на „Метрополис арена“, за нивно огромно задоволство, пред посетителите го претстави делото „Велика Британија и Балканот (1919-1941)“ од Теон Џинго, а нејзин промотор беше Никола Жежов.IMG_3317 Денес со почеток во 15:00 часот со особено задоволство Ве покануваат во промотивниот центар на „Метрополис арена“, каде што ќе се одржи панел-дискусија на тема „Некои аспекти на преведување книжевни дела“. Дискусијата ќе ја водат академик Митко Маџунков, проф. д-р Ратко Дуев и г. Ташко Ширилов.

IMG_3324 АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, денес пловат по бурните издавачки води, носени од струјата на желбите на сите оние што го љубат пишаниот збор. Нивната визија е да ги пренесат вашите „најдобри другари“ од книжевниот свет до вашите полици во најкраток рок и по најповолни услови со квалитет што ја заслужува вашата доверба.

IMG_3322

Целта на АРС СТУДИО е да биде неисцрпен извор на знаењата на големите мислители - филозофи, психолози и историчари, при што секој од потесните и пошироките академски кругови ќе може да ја згасне својата жед за знаење, да ги доградува своите вредности и да го збогатува својот интелектуален и духовен профил.

IMG_3326

Работат во служба на пишаниот збор за да станaт културно жариште каде што секој ќе може да зачекори во нови светови, да бара нови знаења и каде што ќе се здружи преку љубовта кон книгите.

 IMG_3323

Слично

Поврзани вести