Armani Hotel Dubai прогласен за најекстравагантен во светот
World Luxury Hotel Awards за оваа година го прогласи Armani Hotel Dubai за најлуксузниот хотел на светот со неговата фантастична услуга и понуда за гостите.

Armani Hotel Dubai е елитен хотелски ресорт сместен во кулата Бурџ Калифа во Дубаи која е највисоката на светот. Хотелот има 160 соби кои се наоѓаат на првите осум ката на облакодерот. Жирито на World Luxury Hotel Awards посочи дека хотелот „претставува чиста елеганција, едноставност и софиситицирана комоција што е во согласност со философијата и естетиката на Џорџо Армани.

5 -те sвезди на Armani Hotel Dubai, најдобро се гледаат во неговата услуга – според Telegraph, на секој гостин му се доделува “Lifestyle Manager” или личен батлер при пристигнувањето. Содржината вклучува базен со сончева тераса, сауни и ресторани со потписот на Армани.
