Економија, финансии, бизнис

Контакт

Архангел Битола потпиша меморандум за соработка со компанијата Елтел од Израел

Архангел Битола потпиша меморандум за соработка со компанијата Елтел од Израел

Доброволното противпожарно друштво Архангел Битола потпиша меморандум за соработка со компанијата Елтел од Израел со поддршка на Амбасадорот Дан Оријан.

Со потпишување на овој меморандум за соработка ќе се отвори пат за внес на Израелското искуство, технологија и знаење во Македонија. Елтел од Израел е иноватор кога станува збор за тренинзи и искуства за секакви видови на над реални симулации во кризи како пожари, земјотреси, полави и е водечка компанија кога станува збор за најсовремени технологии и иновации. Израел ќе бидат клучен партнер во градење на Академија за пожарникари и единици за интервенција во кризи во Битола, која е премногу потребна во Македонија и која ќе биде регионален центар за сертифицирани обуки на специјални тимови.

 Во тек е интензивна подготовка за поставување на оваа Академија која ќе го реши проблемот со недостатокот на професионални пожарникари, специјални тимови за интервенции во кризи и природни катастрофи, и ќе има најсовремена опрема и едукација во Македонија и регионот.

ПР објава

Слично

Поврзани вести