Аргентинска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel со автентични аргентински специјалитети
Љубителите на рецепти базирани на месо можеа да уживаат во извонредните аргентински специјалитети и да ги почувствуваат традиционалните вкусови за време наАргентинската вечер која се одржа во Limak Skopje Luxury Hotel. Аргентина е позната по консумирањето на месо и е најголем извозник на говедско месо и надалеку позната по квалитетното вино.

Освен преку автентичните вкусови содржани во специјалното мени „Буенос Аирес“, Limak Skopje Luxury Hotel се погрижи духот на Аргентина да го претстави и преку низа други детали. Професионални танцови двојки танцуваа на звуците на тангото, додека храната ја послужуваа келнери облечени во дресот на Лионел Меси, капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, која е актуелен светски шампион.

