Економија, финансии, бизнис

Контакт

АрцелорМиттал Скопје ја одбележа „Неделата на здравје“

АрцелорМиттал Скопје ја одбележа „Неделата на здравје“

Со ред активности, традиционално, во АрцелорМиттал Скопје се одбележа „Недела на здравје“ вклучувајќи ги сите вработени, изведувачи, соработници и партнери. 

Истата започна со крводарителска акција, а следеа и предавања и обуки за користење на ПП апарати, прва помош, заштита од пожар, разни дискусии и дебати насочени кон промоција и јакнење на свеста за здравјето и безбедноста.

Беше организирано и предавање за здрава исхрана од страна на нутриционистот Цвета Динева како и натпревар за приготвување на здрав оброк кој беше поддржан од Александра Пановска и Марк Де Јонг од „Брза Кујна“.

Со ваквите настани компанијата уште еднаш го потенцираше главниот приоритет, јасната цел и визијата на АрцелорМиттал како на локално, така и на глобално ниво – здрава и безбедна работна средина.

Комерцијален текст

Слично

Поврзани вести