Се зголемува увозот на млечни производи, месо и преработки од месо, зеленчук, овошје, пијалоци и тутун, ова го покажуваат податоците од најновата Публикација на Државниот завод за статистика за стоковната размена на Македонија во 2013-та година. Споредбата е направена за 2012 и 2013 година.Податоците покажуваат дека увозот на месо и преработки од месо во 2012-та година изнесувал 160. 459.000 долари, додека за истата намена следната 2013-та се потрошени 169.896.000 долари. За млечни производи и птичји јајца во 2012-та година се потрошиле 56.132.000 долари, а во 2013-та година вредноста на увозот била 58. 797.000 долари. Пораст е увозот е регистриран и кај зеленчукот и овошјето, пијалоците и тутунот. Намалување на увозот има кај житата и преработките од жита, риби, ракови, шеќер и преработки од шеќер, мед.
Извоз и увоз во милиони долари 2013 година(Државен завод за Статистика)
| ИЗВОЗ |
УВОЗ |
| 2012 2013 |
2012 2013 |
| Храна и живи животни 339.618 365.272 |
681.495 681.619 |
| Живи животни 3.740 2.342 |
3.461 2.899 |
| Месо и преработки од месо 39.283 37.270 |
160.459 169.896 |
| Млечни произ. и птичји јајца 11.290 9.520 |
56.132 58.797 |
| Риби (освен морски цицачи) 7.661 5.657 |
23.225 23.142 |
| Жита и преработки од жита 58.943 67.397 |
116.732 97.592 |
| Зеленчук и овошје 175.434 193.841 |
77.994 83.874 |
| Шеќер, прер.од шеќер и мед 11.044 11.851 |
64.977 57.407 |
| Кафе, чај, какао, зачини 13.747 14. 668 |
78.482 78.216 |
| Добиточна храна (без жита) 1.219 1.910 |
27.341 32.782 |
| Разни произ.за исх. и прераб. 17.258 20.817 |
72.692 77.014 |
| Пијалаци и тутун 237.722 270.094 |
74.002 78.009 |
| Пијалаци 91.359 87.987 |
37.208 39.769 |
| Тутун и производи од тутун 146.364 182.107 |
36.794 38.239 |
Се намалуваат површините со основните земјоделски производи и бројот на добиток
Податоците најновата публикација на државниот Завод за статистика насловена како Македонија во бројки 2015, покажува дека површините со основните земјоделски култури и добитокот во изминатите години бележи пад. Така површините со пченица од 101.321 хектаро во 2004 година, лани се намалиле на 76.686 хектри, пад е регистран и кај површините со домати, јачмен, тутун јаболки.
| Површина на основни земјоделски култури |
| 2004 2009 2014 |
| Пченица 101.321 88.151 76. 686 |
| Јачмен 44.739 48.622 41.157 |
| Тутун 17.716 17.800 17.756 |
| Домати 5.972 5.731 5.720 |
| Јаболки 3.625 4.049 3.776 |
| Грозје 88.840 75.228 84.481 |
Во сточарството најдрастичено е намалувањето на бројот на овците, ако во 2004 година имало 1.432.369 овци, лани бројката е намалена на 740.457 грла. Намалување има и кај говедата, свињите,живината.
Број на добиток по видови (Државен завод за статистика)
2004 2009 2014
Говеда 254.803 252.521 241.607
Овци 1.432.369 755.356 740.457
Свињи 158.231 193.840 165.054
Живина 2.725.298 2.117.890 1.939.879
-Поддршката на сточарството не е намерно ниска и неконзистентна, туку дел е од непознавање на проблемите, предностите и приоритетите кои треба да резултираат од стручни анализи, а такви никој не прави, па и оние кои ги распоредуваат средствата за поддршка. Одгледувањето на продуктивен добиток е високостручна работа, а нашите земјоделци се воглавно недоволно едуцирани, па не можат да се зафатат со производство на поголеми фарми и влозување во поголеми капацитети кои не можат да остварат економски резултати поради што и често оваа дејност се напушта. Зголемувањето на увозот на добиточни производи е резултат на малата домашна понуда и зголемување на потрошувачката со порастот на стандардот на населението.Во делот на растително производство, па и во поледелството, има опаѓање на некои приноси, но тоа не е генерално, и е во согласност со метеоролоските услови. Повеќе загрижува опаѓањето на вкупното производство, како резултат на намелени површини, поради постојано намалување на обработливите површини со нивна трајна пренамена или напустање, вели агроекономистот Борис Анакиев.
Се зголемуваат субвенциите, расте извозот и увозот на земјоделски производи
Податоците покажуваат дека субвенциите за поддршка на земјоделството во последните три години пораснале за три пати. Во 2008 година за директна поддршка на земјоделството биле издвоени 45 милиони евра, за годинава се планирани 150 милиони евра, а исто толку ќе се исплаќаат и во следните пет години.

Во последните седум години статистиката регистрира пораст на извозот на земјоделско-прехрамбени производи, но и позабрзан тренд на увозот на земјоделски производи. И покрај финансиската поддршка, според податоците од Националната стратегија за земјоделство, увозот на земјоделско-прехрамбени производи од 2008 година до 2013 година се зголемил за 120,5 милиони евра.

Причината за зголемениот увоз на земјоделски производи наспроти милионските субвенции, земјоделците и агроекспертите ја лоцираат во неколку сегменти: недоволна едукација на земјоделците како ги да ги искористат парите, погрешна распределба на средствата шп сектори, нецелосна реализација на планираните суми за субвенции и партиската распределба.
Во еден од своите извештаи Светска банка посочува дека е добро што субвенциите се зголемуваат, но како проблем го наведува тоа што најголем дел од субвенциите се наменети за секторите со низок потенцијал за извоз. Екскпертите од Светска банка во последниот извештај посветен на македонското земјоделство, укажуваат дека иако извозот на зеленчук и овошје, учествува со голем процент во вкупниот извоз, сепак не добива доволно од колачот за финансиска поддршка на земјоделското производство.
Т.С