Apple во голема опасност од новиот вирус „Xagent“
Компанијата „Trend Micro“ објави дека низ заштитниот систем на „Apple“ влегол сериозно опасен вирус.
Овој вирус ги напаѓа уредите со, но и без „jailbreak “, што значи дека сите се во опасност.
Вирусот е познат под името „Xagent“ и стратегијата на неговите креатори е да нападне што е можно повеќе обични корисници, со цел понатаму да се прошири до владини лица и други високи функционери.
Генерално, iOS оперативниот систем е познат по својата сигурност и отпорност на вируси, се што корисникот треба да направи за да го зарази уредот е да кликне на екстерен линк (кој се праќа преку SMS/мејл/веб-страна) и потоа вирусот се инсталира.
Што всушност прави вирусот?
Тој ги краде вашите податоци и ги праќа на надворешен сервер. Ова значи дека ви троши интернет (Wi-Fi или 3G/4G), а сите ваши контакти, пораки, локации, гласовни пораки и слики се компромитирани.
Засега вирусот е невозможно да се тргне од iOS 7 (сам се рестартира), додека пак iOS 8 го блокира откако ќе го прекинете.
