Економија, финансии, бизнис

Контакт

Apple: Прифатеноста за iOS 7 е на 90 одсто

Apple: Прифатеноста за iOS 7 е на 90 одсто

Иако во почетокот корисниците не го прифатија толку брзо iOS 7, поради бројните графички промени и измени во визуелниот идентитет, последните бројќи покажуваат дека оваа состојба се менува.

Apple потврди дека  iOS 7 има стапка на прифатеност од 90 одсто. Овие податоци се изнесени врз основа на  App Store Developer страницата за поддршка, која ги прикажува податоците кои Apple ги собира. Ова се поклопува и со пораните информации, кои покажуваат дека стапката на  прифатеноста за iPhone е на 90 одсто, а за iPad е 85 одсто.

Остатокот од 9 одсто од стапката на прифатеноста оди на  iOS 6, а преостанатиот еден одсто на на старата iOS верзија. Се очекува дека стапката на прифатеност ќе биде уште побрза, кога Apple ќе го претстави и  iOS 8 кон крајот на годината.

Првенствено од причината што  iOS 8, за разлика од седмицата, нема премногу визуелни измени, т.е корисниците нема да даваат отпор кон ажурирањето на платформата.

Слично

Поврзани вести