Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Apple“ подготвува нов 4-инчен телефон заедно со наследниците на iPhone 6 и iPhone 6 Plus

„Apple“ подготвува нов 4-инчен телефон заедно со наследниците на iPhone 6 и iPhone 6 Plus

Според информациите од неофицијални извори „Apple“ подготвува уште еден телефон на серијата iPhone 6 кој ќе е најприфатливиот од трите модела. Тој ќе се вика „iPhone 6c“ и ќе располага со 4-инчен дисплеј.

Сличен на „iPhone 5с“ оваа опција ќе се нуди во различни живописни бои на куќиштето. Според неодамнешните слики, на задниот панел очекуваме да стои двоен LED блиц, а другите промени во дизајнот веројатно ќе вклучуваат и повеќе отвори за звучникот во долниот дел на куќиштето.

iphone 6c

Неодамна и „DigiTimes“ објави информација дека оваа година „Apple“ ќе лансира 3 нови модели. Изданието посочи дека сите тие ќе ги користат „LTPS“ панели, испораката на деловите за „iPhone 6S Plus“ и „iPhone 6C“ ќе се од „Japan Display“, „Sharp“ и „LG Display“, а за „iPhone 6S“ ќе дојдат од „Japan Display“ и „LG“.

Извори на сајтот сметаат дека телефоните ќе користат „Gorilla Glass“, а во однос на чипсетот очекуваме „A9“ во серијата „6S“ и „A8“ во „6C“.

Се споменува уште дека и трите модели ќе имаат „NFC“ можности и скенери за отпечатоци.

Слично

Поврзани вести