Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Apple“ манипулирал со цените на „iPhone“ во Русија

„Apple“ манипулирал со цените на „iPhone“ во Русија

Руската Сојузна антимонополна служба (ФАС) утврди дека американскиот технолошки гигант Apple манипулирал со цените на iPhone 5 и 6 во Русија преку својата ќерка компанија таму „Эппл Рус“. 

Друштвото следeло по какви цени се продаваат уредите од препродавачите, и ако некој од нив си дозволи да ги промени или да направи промоција, биле предупредени.

Според зборовите на заменик-шефот на ФАС Андреј Цариковски Apple има три месеци да поднесе жалба на одлуката. Регулаторот парично ќе ја казни компанијата која е еднаква на 15% од нејзиниот промет во земјата.

Руската поделба на американската компанија ги следела цените на уредите и ако тие се „несоодветни“ испраќала пораки до трговците со барање тие да бидат променети. Ако тоа не е направено, тогаш препродавачот требало да го загуби правото да продава iPhone уреди.

Во манипулацијата на цените на уредите iPhone 5, 5S и iPhone 6 и 6S учествувале 16 трговци. Цените на iPhone 7 не се изманипулирани.

Истрагата на рускиот антимонополен регулатор е започната во август 2016 година и е утврдено дека определувањето на цените е пракса од неколку години. Apple соработувал на службата, обезбедувајќи сите потребни материјали за случајот. Исто така во официјалното соопштение на регулаторот се вели дека практиката е прекината.

Слично

Поврзани вести