Економија, финансии, бизнис

Контакт

Apple ќе ги претстави iPhone 6 и 6L?

Apple ќе ги претстави iPhone 6 и 6L?

Apple оваа година, барем така тврдат неименувани извори, ќе претстави два модела на iPhone. Еден екран со дијагонала од 4,7 инчи и поголем модел на екран со дури 5,5 инчи.

Сајтот Бизнис Инсајдер сега пишува дека, освен во димензиите, новитети ќе бидат воведени и во ознаките.

Досегашниот систем, каде постоеше  iPhone 4, па 4S, па  iPhone 5, 5S и ефтиниот iPhone 5C, ќе го замени нов каде моделите ќе се викаат iPhone 6 и iPhone 6L, што ќе биде ознака за поголем модел.

Дали гласините овој пат се во право, ќе дознаеме на 9 септември, кога ќе се одржи претставувањето на новиот, односно новите  iPhone телефони.

 
Слично

Поврзани вести