АПЛИЦИРАЈТЕ: Данска, Австрија и Норвешка бараат работници-Еве што се нуди!
Скандинавските земји бараат работници, а македонците се почесто работаа бараат надвор од земјава.
Доколку се пронаоѓате во оваа категорија тогаш имаме огласи за вас преку кои ќе може да аплицирате за работа во Данска, Шведска или Норвешка. Изборот е само ваш!
AG Johnsen кој е една од најголемите фармацевтски компании со седиште во Норвешка и Шведска бараат фармацевти кои веќе имаат лиценца за работа во матичната земја. Се што треба е да ја приложите копијата од лиценцата при аплицирање за ова работно место.
Кандидатите треба да имаат одлично познавање на англискиот јазик, а познавање на норвешки или шведски ќе се смета за предност. Треба да покажат желба за работа во овие држави, да бидат флексибилни и способни за работа во тим.
За да аплицирате, документите се праќаат на e-mail адресата Henriette.Gausel@agjohnsen.com А целиот оглас и место за апликација видете ги тука .
Ако пак сте градежник и имате искуство тогаш аплицирајте за работа во Јитланд, Данска.
Се што треба е да пратите апликација и CV на e-mail адресата Randi@aktivpersonale.dk.
Условите кои треба да ги исполнувате е да знаете англиски, германски или дански, а стекната диплома за струката ќе се смета за предност.
Повеќе информации за работното место, погледнете тука каде и што се наоѓа местото за апликација.
Работа за медицински сестри пак секогаш може да се најде во Австрија и Германија кои постојано бараат работници.
„Residenz Heilig Geist Park“ има потреба од регистрирани медицински сестри (RN) кои ќе работат со стари лица. Ваша задача ќе биде средување на рецептите и лековите, како и електронска документација-Огласот и апликациите видете ги ОВДЕ.
Медицински сестри се бараат и во Австрија . Се што се бара од вас е познавање на германски јазик, а ако го владеете овој јазик тогаш видете ги сите огласи подолу, но внимавајте, сите се на германски јазик!
И уште една информација.
