Апликации за земјоделски субвенции до четврток
Апликации за земјоделски субвенции земјоделците имаат рок да поднесат до 30 јуни, четврток.
Може да се аплицира и по електронски пат а може барателот да ги внесе потребните податоци и со помош на вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство и на советодавната агенција.
Растителното производство, односно за житни и за градинарски култури, за одржување на лозови и овошни насади, како и за производство на сертифициран семенски и саден материјал се дел од субвенциите за кои земјоделците може да се пријават, додека за сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на говеда, овци, кози, свињи, пчели и живина.
Слично
