Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апликации до декември за парите од Програмата за поддршка на руралниот развој

Апликации до декември за парите од Програмата за поддршка на руралниот развој

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави повик за користење финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година за мерките инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства и за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

За овие неповратни средства може да аплицираат земјоделски стопанства, трговски друштва, задруги и правни лица кои ќе ги користат за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од  корисникот, а е во висина од 50 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, доколку поинаку не е определено. Апликациите се поднесуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, до 28-ми декември.
Слично

Поврзани вести