Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апарати за домаќинство со вештачка интелигенција за вашиот дом

Апарати за домаќинство со вештачка интелигенција за вашиот дом

Вештачката интелигенција присутна во нашето секојдневие веќе ја наоѓаме во речиси сите уреди кои ги користиме, од нераздвојниот од нас мобилен телефон, преку телевизорот во домот, па се до кујнските и другите апарати за домаќинството. Да се осврнеме малку на последниве – домашните апарати, и какви придобивки имаме од новите генерации на уреди за одржување на хигиена во домот и од кујнските апарати произведени според модерни и иновативни технологии и напојувани од вештачка интелигенција. И тоа – не било кои апарати, туку оние од  производителот Samsung, еден од водечките глобални гиганти за беспрекорни уреди од бела техника.

Одберете ја вистинската правосмукалка: Samsung Bespoke Jet AI

За чистота во домот каква отсекогаш сте посакувал, треба да го имате идеалниот уред кој ќе ви овозможи, меѓу другото, да ја отстраните нечистотијата дури и од непристапните ќошиња во вашиот стан, а неговите феноменални карактеристики беспрекорно ќе си ја завршат работата, овозможувајќи ви лесно чистење. Токму таква е стик правосмукалката Samsung Bespoke Jet AI, која ќе ви стане најдобра пријателка за хигиената во домот. Покрај тоа што ја апсорбира целата нечистотија на која наидува, овој уред задржува 99,999% ситна прашина благодарение на филтрацијата на воздухот со повеќе циклони. Samsung Bespoke Jet AI го носи најмоќниот Samsung вакум мотор до сега бидејќи има вграден Hexajet Motor 2.0 со моќност на вшмукување до 280 W и максимална моќност на моторот од 730 W. Неговата батерија од 4500 mAh има 80% поголем капацитет од претходната модел, оптимизиран да држи 70% од неговите перформанси до 500 циклуси и обезбедува 100 минути работа. Новитетот на Bespoke Jet AI е режимот на работа со вештачка интелигенција, напојуван од единицата за обработка на Samsung AI Optimum Tech, што му обезбедува на корисникот ефикасно чистење со правосмукалка и чистење на секоја просторија. Со овој режим на работа со вештачка интелигенција овозможени се анализа и одредување на типот на подот со цел да се оптимизира процесот на вшмукување, но и да се обезбеди максимална ефикасност на батеријата.  

Благодарение на ВИ, правосмукалката Bespoke Jet AI сега нуди SmartThings и Smart Wi-Fi конекција што им дава на корисниците можност лесно да ги приспособат поставките и функциите на нивниот уред, а има и опција за паметна самодијагностика за одржување на врвна изведба.

Наменетаза создавање хигиенски чиста околина, новатаSamsung Bespoke Jet AI доаѓа со надграден држач за чиста станица „Сè-во-едно“ (All-in-One) што користи технологија Air Pulse за автоматско празнење на резервоарот за прав. Овој држач користи и технологија Air Spin Edge која го врти Spinning Cyclone со брзина на сечилото до 1000 вртежи во минута за да го отстрани целиот отпад, вклучувајќи ги и сите преостанати честички што може да се заглават во резервоарот. Правосмукалката Bespoke Jet AI содржи и фантастични додатоци кои несомнено ќе се погрижат да ги оправдаат вашите очекувања за оваа совршена правосмукалка. Покрај главната четка Active Dual и тенка LED четка +, имате на располагање додаток  за миленици кој е наменет за секој дом во кој живее и миленик, прскачки ротирачки чистач, како и дополнителни алатки како флекс алатката, комбинирана алатка и продолжителна алатка за тесни отвори. 

Samsung AI Wash за паметно перење на вашите алишта

Samsung AI Wash машините за перење ви предлагаат циклуси за перење според препознавање на ткаенините, па така вашите алишта ќе бидат испрани темелно со оптимизирана количина на вода и детерѓент како резултат на напредното сензорирање на тежината и мекоста на ткаенините и нивното ниво на нечистотија.

Моделите како  машините за перење WW8400и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI EnergyMode и до А-40% екстра енергетска ефикасност,  го олеснуваат перењето на дури и најсложените парчиња облека, со капацитет за перење до 11 килограми алишта. Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката. Перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми додека SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина. Интересно е скенирањето на детергентот и на етикетите за нега соновите функции на SmartThings Clothing Care при што Detergent Scan овозможува скенирање на детергентот или омекнувачот во апликацијата SmartThings, а информациите се испраќаат до машината за перење за да се додаде соодветна количина прашок или омекнувач.

Samsung фрижидери со тројно ладење и заштеда на енергија

Samsung фрижидерите го претставуваат врвот на технолошките иновации и приспособливиот дизајн. Корисниците можат да избираат помеѓу различни форми и бои за да фрижидерот совршено се вклопиво ентериерот и стилот на кујната. Еден од новите модели е фрижидерот со замрзнувач RB6000D кој се одликува со иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање храна.  Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Вештачката интелигенција кај овој фрижидер придонесува тој да биде ефикасен и при одмрзнување, регулирајќи ја температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™. 

Како опција за поголем фрижидер e моделот RF9000 со T Style француска врата и Beverage Centerкој се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси. Големиот простор во овој фрижидер може да се искористи и многу паметно со лизгачката полица овозможувајќи складирање на високи шишиња и големи садови. Фрижидерот исто така обезбедува свежа филтрирана вода и изобилство од коцки мраз во секое време.

Промотивна понуда на Samsung за одбрани апарати за домаќинството

Денес е многу полесно да се одржува хигиена во домот отколку во минатото, а згора на тоа, Samsung ви дава одредени промоции на селектирани уреди за домаќинството. Искористете го овој период да добиете продолжена гаранција од 5 години за стик правосмукалки и одредени машини за перење. Повеќе за промотивните понуди прочитајте тука.

ПР објава

Слично

Поврзани вести