Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апарат за механичка вентилација -респиратор за Клиниката за инфективни болести - донација од Стопанска банка АД - Скопје

Апарат за механичка вентилација  -респиратор за Клиниката за инфективни болести  - донација од Стопанска банка АД - Скопје

Пандемијата на COVID-19, новиот корона вирус, предизвикува нестандарден притисок врз здравствениот систем и здравствените работници. Оттука, најголема поддршка е потребна токму за нив и нивната пожртвуваност во грижата за заболените и спречување на ширењето на болеста.

Оттука, во знак на поддршка, Стопанска банка АД - Скопје денес со Министерството за здравствопотпиша Договор за донација на апарат за механичка вентилација - респиратор, наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Опремата во консултација со Министерството за здравство беше посочена како неопходна за третирање на заболените од COVID-19 кои покажуваат потешки симптоми на болеста.

Банката го исплати износот за набавка и испорака кон добавувачот кој прави максимални напори апаратот да пристигне во деновиве по што ќе биде предаден на располагање на Министерството и Клиниката.

Се надеваме дека донацијата ќе помогне во овој заеднички предизвик и дека сите граѓани со разумно и совесно однесување ќе придонесат кон побрзо и полесно надминување на состојбата.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

Слично

Поврзани вести