Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Анска Река“ демантира: Нема присуство на пестициди во корнишоните

„Анска Река“ демантира: Нема присуство на пестициди во корнишоните
Во врска со изнесените невистини дека корнишоните одгледани во Анска Река, „содржат токсини" или „пестициди“ во поголема мера од пропишаната, компанијата со сите свои права и одговорности, тврди и објавува до целата јавност дека употребува препарати во количества кои се исклучиво дозволени и со закон регулирани и пропишани, реагира денеска компанијата Еко Оранжерии „Анска Река“ од Валандово. Оттаму го приложуваат и заклучокот од извршениот инспекциски надзор на фитосанитарната инспекција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство која во своето образложение вели: „нема присуство на пестициди и резидуи“.
Слично

Поврзани вести