Економија, финансии, бизнис

Контакт

Англиски за ТОЕФЛ ќе се полага во Тетово, сертификатот чини 70 евра

Англиски за ТОЕФЛ ќе се полага во Тетово, сертификатот чини 70 евра

Со потпишување на Меморандум за соработка, меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово  и  ЕТС Глобал од Албанија, универзитетот доби право да прави испити по англиски јазик и да ги издава меѓународно признените сертификати ТОЕФЛ.

За сертификат ќе може да полагаат не само за студентите,  туку и за сите други заинтересирани граѓани кои имаат потреба од документ за познавање на англискиот јазик, посочи заменик министерот за образование Сафет Незири кој присуствуваше на потпишувањето на меморандумот. ЕТС Глобал е меѓународна организација за тестирање, која има лиценца за спроведување  тестови како ТОЕФЛ, ТОЕИК и ГРЕ. „Со ТОЕФЛ што е стадардизиран тест можете да го докажете вашето познавањена англискиот јазик во сите облици ма комуникација што е многу важно за вашата професионална кариера. Преку инструментт ТОЕФЛ им се овозможува на предавачите да ги тестираат студентите во согласност со нивните знаења и компетенции бидејќи тие имаат различни знаења и нивоа на познавање на сегменти од јазикот. За сите различни вештини што се тестираат има соодветна скала. Важна е глобалната перспектива односно кандидатот се здобива со сертификат за познавање на меѓународно сттандардизираниот англиски јазик а не некоја од варијантите - британски, американски, австралиски или слично,“ изјави директорката на централата на ЕТС Глобал, Лизеила Мартијин. Тестирањата се состојат од четири дела, читање, слушање, говорење и пишување. Цената што заинтересираните треба да ја платат за полагање на тестот за  ТОЕФЛ и ТОЕИК  е 70 односно 140 евра.
Слично

Поврзани вести