АНЃЕЛКА ПРПИЌ: ОД ФРИЗЕРКА ДО ЅВЕЗДА
Не се срамам поради тоа што работев на телевизија. Посакував да работам во националниот театар, но еден период во животот, имав и свој фризерски салон- вели Анѓелка Прпиќ, која ги освои срцата на гледачите преку серијата Андрија и Анѓелка, која гледачите секој ден ја следат на Телевизија 24.
Во емотивното соголување пред медиумите, шармантната актерка Анѓелка Прпиќ ги сподели спомените од нејзините почетоци. Прпиќ веднаш по завршувањето на студиите, се доселила во Белград, каде наишла на затворени врати. Но, тоа не ја поколебало во реализирањето на соништата.

„Се запишав на факултет во Нови Сад, затоа што сакав да бидам во класата на Борис Исаковиќ. Тој ми беше омилен актер. Во мојата класа, немаше никој од Војводина. Ние бевме како секта, заедно бевме постојано. По завршувањето на студиите, посакав да дојдам во Белград“- открива Прпиќ.
Во Белград не била дочекана со воодушевување. Направила своја биографија и тргнала во поход да најде работа. Но, скоро никој не и излегол во пресрет. Исклучок бил Кокан Младеновиќ, кој ја примил во Народно Позориште, а потоа и во Атеље 212.
Во исчекување на својата актерска кариера, Анѓелка се испробала и во улогата на телевизиска водителка, но и фризерка. Таа се појавила како водителка на проектот „48 часа свадба“. Во текот на својата животна приказна, открива дека имала и свој фризерски салон, многу кратко. Го отворила, па го затворила. На тоа гледа како на убаво животно искуство.

Серијата Андрија и Анѓелка и донесе популарност на целиот Балкан.
Популарноста е убава. Јас немам лоши искуства. Ми приоѓаат луѓе, па и дечиња. Но, тоа не ме менува. Живеам исто како и порано. Сакам да се прошетам низ парк, да купувам на распродажба, додава Анѓелка Прпиќ.
Серијата Андрија и Анѓелка може да ја следите на Телевизија 24, секој работен ден премиерно во 22 часот, и репризно во 17 и 45.
