Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аналитичари: „iPhone 6s“ ќе има 12MP камера и помали пиксели

Аналитичари: „iPhone 6s“ ќе има 12MP камера и помали пиксели

8-мегапикселната камера на „iPhone 6“ и „6 Plus“ може за миг да ве измами дека не е на нивото на она што лидерите меѓу конкурентните смартфони ви го нудат. Во „Android“ светот предводникот веќе испорачува телефони со 16MP и дури 20MP камери. Резолуцијата сепак не е единствениот пресуден фактор, што ќе ви каже секој фотограф, како што се покажале бројните споредби на мобилните камери. Факт е дека камерите на „iPhone“ редовно се рангираат на првите позиции во тестовите, особено во поглед на фотографиите во слаба осветленост.

Но сепак „Apple“ изгледа имаат желба да влезат во светот на двоцифрената резолуција на камерата. Гласините за тоа се од некое време, а сега Кевин Уaнг од „IHS Technology“, го потврдува уште еднаш, малку подетално ова прашање. Шефот на фирмата за пазарни истражувања вели дека „Apple“ навистина планираат да користат 12-мегапикселна камера во претстојните „iPhone 6s“ и „6s Plus“, што ќе доведе и до намалување на големината на пикселите во споредба со 1,5-микрони во камерата на „iPhone 6“.

Секако, со оглед на тоа колку е тенок „iPhone 6“, звучи логично дека „Apple“ ќе користат слични димензии на сензорот, зголемувајќи ја резолуцијата преку намалување на големината на поединечните точки и зголемување на нивниот број. Помалите пиксели во теоријата значат помалку светлина од секој поединечен пиксел, но постојат многу други инволвирани фактори, па немаме трпение да видиме на што ќе е способна новата камера со висока резолуција на следната генерација за „iPhone“.

Слично

Поврзани вести