Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадорот на Руската Федерација, г. Сергеј Баздникин, го честита 15-годишниот јубилеј на ЛУКОИЛ Македонија

Амбасадорот на Руската Федерација, г. Сергеј Баздникин, го честита 15-годишниот јубилеј на ЛУКОИЛ Македонија

Срдечно ви го честитам овој значаен датум – 15-годишнината од почетокот на комерцијалното работење на ЛУКОИЛ Македонија.

Во изминатата една и пол деценија, компанијата стана добро препознатлив бренд на македонско тло, уверено ја зазеде и продолжува да ја задржува позицијата на еден од лидерите во малопродажниот пазар на автомобилските горива. Со оглед на тоа дека ЛУКОИЛ Македонија е еден од најголемите странски инвеститори и даночни обврзници, компанијата достојно ја претставува Русија во Северна Македонија, дава значаен придонес за економскиот напредок на земјата, за подобрување на животниот стандард на нејзините граѓани, за создавање на удобни секојдневни услови за возачите на лични и комерцијални возила, кои претставуваат основа на македонскиот транспортен систем.

И покрај честопати неповолни надворешни услови, активностите на компанијата се движат напред. Динамичниот раст најдобро се забележува во проширувањето на мрежата на бензинските станици– од отворањето на првата станица во Скопје во септември 2006 година сѐ до пуштањето во работа на 32-тата станица во Кочани отворена по повод овој јубилеј.

Невозможно е да се постигне ваков значителен успех без ефикасен менаџмент, прецизно организирање на работните процеси и што е најважно, без грижливо користење на човечкиот  капитал – сѐ ова се карактеристичните особини на корпоративната политика на ЛУКОИЛ. Во овој контекст, тешко е да се преценат заслугите на повеќегодишниот раководител на компанијата – Андреј Михајлович Куку, кој е добро познат како исклучително искусен и талентиран менаџер, кој ужива неспорен авторитет кај своите колеги и партнери. Високо ја цениме соработката со Лукоил Македонија и нивниот стремеж кон унапредување на заемно полезните односи помеѓу братските народи на нашите две земји.

За жал, отворањето на новата бензинска станица на ЛУКОИЛ, поради разбирливите причини, се одржува без свечена церемонија. Притоа сме убедени дека на компанијата ѝ претстојат уште многу важни настани кои можеме да ги одбележиме заедно во согласност со најдобрите македонски традиции – споделувајќи радост со добри пријатели.

Им посакувам на тимот на ЛУКОИЛ Македонија уште многу години плодна работа, среќа, просперитет, нови успеси во оваа значајна сфера која претставува неодделив дел од економскиот развој на пријателската за нас земја. 


Слично

Поврзани вести