Амазон го зголемил профитот речиси 40 пати
Во првата половина на 2016 година нето добивката на американската онлајн компанија Amazon се зголемила 39 пати во споредба со истиот период минатата година и изнесува 1,37 милијарди, пренесе Ројтерс.
Приходите, од своја страна, се зголемиле за 29,6% на годишна основа и изнесуваа 59.53 милијарди долари. Резултатите за вториот квартал на годината исто се позитивни - профитот е 857 милиони долари, како во споредба со истиот период минатата година се зголемиле 9,3 пати, приходите - 30,404 милијарди евра (раст со 31,1%).
Според шефот на Amazon Џеф Безос, најголеми тешкотии компанијата сретнала во Индија. Најуспешниот проект на компанијата се онлајн услуги - приходот од нив се зголемува со 58,2% и изнесува 2,89 милијарди долари.
