Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алп Арбатли: „Беко“ им помага на потрошувачите да водат поздрав живот и да ја заштитат планетата

Алп Арбатли: „Беко“ им помага на потрошувачите да водат поздрав живот и да ја заштитат планетата

За повеќе од 400 милиони потрошувачи ширум светот, името „Беко“ е синоним за сè од големи до мали апарати, климатизери и други уреди кои го олеснуваат животот и помагаат да се постигне цел што станува сè поважна - да се намали сопствениот индивидуален негативен отпечаток врз планета. Како меѓународен бренд на апарати за домаќинство на „Арчелик“, „Беко“ е присутен и во балканскиот регион, каде што компанијата континуирано остварува раст. Освен што е официјален главен партнер на фудбалскиот клуб„Барселона“ и на машкиот кошаркарски тим на Фенербахче, „Беко“ со години се фокусира на здравиот живот, подигање на свеста и развој на производи што го прават здравиот начин на живот попрактичен. Компанијата неодамна ги претстави своите седум нови еколошки производи и за тоа, како и за други теми, разговаравме со Алп Арбатли, извршниот директор на „Беко Балканс“.

„Беко“ неодамна спроведе испитувањево Европа за ставовите и загриженоста на луѓето во врска со одржливоста и свесноста за нивните индивидуални ефекти врз животната средина. Што откри истражувањето?

- Неизненадувачки, резултатите го потврдија она што ние во „Беко“ исто така веруваме и го спроведуваме во активностите на компанијата - тоа е моќта на поединците да направат разлика во иднината на нашата планета. И покрај тоа што некои може да се чувствуваат немоќни, огромното мнозинство од испитаниците изјавија дека сметаат оти е нивна лична одговорност да направат разлика со минимизирање на употребата на отпад, вода и енергија во секојдневниот живот. Многу е важно што е занемарлив бројот на луѓе што сметаат дека одговорноста на состојбата паѓа на други, како што се владата или бизнисот, или кои мислат дека не можат да направат разлика. И двата од овие случаи, ние во „Беко“ сме усогласени со нашите потрошувачи и силно веруваме дека водењето здрав живот е тесно поврзано со посветената работа за да се креира поздрава планета.

Постојат области каде што поединците можат сами да ја намалат штетата врз планетата, но други полиња, каде што за да го сторат тоа би им ги отежнало секојдневните животи. Како „Беко“ им помага на потрошувачите да ја постигнат целта и да живеат поодржлив живот?

- Во „Беко“ силно веруваме дека сите сме поврзани. Од корените на дрвото до камчето во реката, сите суштества зависат едни од други за да преживеат. Со технологиите што се поодржливи за животната средина, со повторна употреба на отпадот и био-материјалите, ние се стремиме да го намалиме нашиот отпечаток во природата, чекор по чекор. Нашите најнови еколошки производи ја користат последната технологија,а се исто така достапни и издржливи. Овие седум еко-продукти, кои вклучуваат машина за перење и сушење алишта, машина за садови, фрижидер и еспресо-машина може да им помогнат на потрошувачите да го намалат влијанието врз животната средина. Како пример, приближно 60 рециклирани ПЕТ-шишиња од 0.5 литри се користат во одредени модели од машини за перење алишта. Исто така, изминативе две години, 2,420 тони пластика беа рециклирани во производството на машини за сушење алишта. Постојат многу други факти како овие за новите еколошки производи, но клучно е да се сфати дека сите тие можат да им помогнат на поединците да започнат поодржлив живот и да ги намалат штетите врз планетата.


Што според оваа студија се покажа како најголема закана за планетата?

- Сите испитаници изјавија дека ја доживуваат штетата врз животната средина од страна на луѓето како најкритична закана за одржлива планета. Следуваше прашањето за пластиката, а потоа заразните болести. Многу е интересно што оваа специфична закана можеби дури и немаше да се најде на листата ако овие прашања беа поставени пред две години. По овие, испитаниците ја споделија својата загриженост за заканата од екстремните промени на временските услови, природните катастрофи, кризата со природни ресурси, загубата на биодиверзитетот, отпадот од храна, како и можниот недостатокод вода. Најпопуларна форма на одржливост што луѓето ја практикуваат дома е рециклирањето. Резултатите од истражувањето исто така подвлекоа дека луѓето ја поддржуваат ефикасноста, купуваат одржливи производи, се борат против отпадот од храна, го намалуваат патувањето со авион и јадат помалку месо како начини на кои тие можат да ја заштитат планетата. Еколошките производи се најважни во категориите енергија и храна, а потоа следуваат домашните апарати, пред облеката и патувањата.

Како целите на потрошувачите се споредливо со тие на „Беко“?

- Нашето истражување ни покажа дека сме апсолутно усогласени со нашите потрошувачи во однос на целите за одржливост. Охрабрувачки е тоа што луѓето сакаат да ја направат вистинската работа за околината и веруваат дека нивните постапки можат да извршат влијание. Цената на продуктите има значителнаулога врз однесувањето на купувачите. Ние во „Беко“ сме енергични по прашањето за демократизација на технологијата, да ја направиме достапна и да овозможиме што е можно повеќе луѓе да имаат пристап до неа. Правејќи ја одржливоста деловен модел и интегрирајќи ја во сè што правиме, ние се стремиме да ги намалиме човечките штети врз животната средина преку развој на апарати за домаќинство со високи перформанси, достапни, кои исто така се еколошки. Целта на „Беко“ е овозможување идните генерации да живеат поздрав живот, а тоа е можно само со одржлив живот и посветена работа за креирање поздрава планета. Сите наши активности и секој производ што го користиме има влијание врз природата. Покрај овие седум еколошки продукти, ние сме посветени да ги прилагодиме нашите постојни технологии за да ги направиме сите наши апарати поеколошки. За „Беко“, ова е само почеток.

Колку е значајна одржливоста за „Беко“ и за „Арчелик“?

- „Арчелик“ ја прифаќа одржливоста како основна компонента на деловниот модел на компанијата, негувана со свесност за одговорноста што ја имаме кон нашата планета, како и кон партнерите, што е во согласност со нашата визија „Почитување на светот, почитуван низ целиот свет“. Гордост ни е што сме предводници во нашата индустрија достигнувајќи врвни рангирања во високо почитуваните индекси на одржливост во светот, вклучително и индексот на одржливост на „Дау Џонс“. Како големо достигнување во нашата цел за остварување одржливост, станавме јаглеродно неутрална компанија низ сите глобални производствени операции во 2019 и во 2020 година и си поставивме амбициозни цели одобрени од „Иницијативата за цели остварливи врз основа на научни факти“. До 2050 година, целта ни е да постигнеме нула јаглеродни емисии во сите наши операции.

Каде наоѓа „Беко“ инспирација за својата работа и колку се важни потрошувачите во креирањето на долгорочната стратегија на компанијата?

- Ги слушаме нашите потрошувачи и настојуваме да бидеме позитивна сила за промена како што се менува инивната побарувачка. Пристапот кон одржливоста што ги следи потрошувачите му дава поттик на „Беко“ бидејќи покажува дека мисијата на брендот е усогласена со тоа што се очекува од нас. Со оглед дека „здравиот живот е возможен само на здрава планета“, мисијата на „Беко“е да внимава на поврзаноста помеѓу планетата и луѓето, преку позитивното влијание врз човечкото однесување. Целта на „Беко“ е да ги вклучи мерките за одржливост во сите свои производи и е посветена на заштита на планетата преку создавање и производство енергетски ефикасни продукти со рециклирани и био-базирани материјали.

„Беко“работи над 60 години, акомпанијата е навистина активна и на балканскиот пазар. Какво е вашето гледиште за резултатите во овој регион?

- „Беко“ е меѓународен бренд за апарати за домаќинство што работи во рамки на групацијата „Арчелик“ и е признат како водечки европски производител во областа на белата техника. Балканскиот регион е многу важен за „Беко“ и како резултат на нашата иновативна технологија и следејќи ги потребите на потрошувачите, уделот на компанијата на овој пазар во континуитет се зголемува. „Беко“ е меѓу најбрзо растечките брендови во регионот, како и во Европа. Да се биде лидер е важно во сите области на деловното работење и сите во „Беко“ се горди на нашите достигнувања.Тоа што, исто така, е клучно е нашата способност да започнеме глобални иницијативи, да ги вклучиме локалните пазари и на тој начин да им помогнеме на потрошувачите да ја исполнат својата цел за водење живот што е поздрав и за нив и за планетата.

Слично

Поврзани вести