Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Турција

„Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Турција
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Турција со назив „Alkaloid ilac ticaret limited sirketi“ со седиште во Истанбул. Друштвото е во стопроцентна сопственост на „Алкалоид“ АД Скопје. „Главна цел за отворање на ова ново друштво е зајакнување на постојните позиции на пазарот во Турција, каде „Алкалоид“ е присутен преку продажба на течни минерални ѓубрива, како и влез на пазарот со фармацевтски производи и производи од сите останати програми на „Алкалоид“, а воедно и пробив на пазарите во Азија и Блискиот Исток“, соопшти компанијата на Македонска берза. Со ова „Алкалоид“ ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба.
Слично

Поврзани вести