Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алкалоид“ ќе подели нето дивиденда од 165 денари по акција

„Алкалоид“ ќе подели нето дивиденда од 165 денари по акција
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ ќе подели нето дивиденда од 165 денари по акција, односно бруто вредност од 183,3 денари од акција. Овој е предлогот кој Управниот одбор на компанијата го достави до Собранието на акционери кое е закажано за 8 април. Според информациите објавени на Македонската берза, последен ден на тргување со право на дивиденда е 23.04.2013 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 24.04.2013 година. Датум на стекнување на право na дивиденда е 26.04.2013 година.Исплатата на дивидендата ќе започне на 15.05.2013 година.
Слично

Поврзани вести