Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алкалоид и вторпат го победи РК Вардар

Алкалоид и вторпат го победи РК Вардар

Алкалоид и вторпат го победи РК Вардар и со тоа се чекираше во групите од Лига Европа. Резултатот е 25-21. 

Ваквиот пласман е од исклучителна важност, затоа што второто место според рејтингот на Македонија носи и директно место во групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ. Алкалоид за само една година успеа  да влезе во елитното македонско ракометно друштво, а потоа и да си го трасира патот до европските купови.

Ова е одличен почеток на проектот предводен од Кире Лазаров со целосна поддршка на компанијата на чело со Живко Мукаетов. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Мартин Серафимов со реализирани шест гола. 

Слично

Поврзани вести