Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерството

„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерството

На првиот успешно реализиран алкалоидов настан „Развој на лидерството“ менаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки.

По воведното обраќање на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов, говорници на настанот беа еминентни светски експерти од областа: Хари Крамер, поранешен извршен директор на „Бакстер интернешанал“, автор, професор и извршен партнер во „Келог школа за менаџмент“, и Оливие Сибони, поранешен сениор партнер во „МекКинси & компани“, француски консултант, академик и автор, професор на „ХЕК Париз“.

Наменет за менаџерскиот тим на „Алкалоид“ во земјава и во ентитетите во странство, овој настан е уште еден доказ за целосната посветеност на компанијата за јакнење на лидерските способности и за инвестирање во професионалниот раст и развој на својот менаџмент. 


Слично

Поврзани вести