Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ: Поради девојка ми се преселив во Србија

АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ: Поради девојка ми се преселив во Србија

Ако зборуваме за кариера во Македонија од денешен аспект не знам дали е паметно младите да се пријавуваат на музички шоу програми. Едно поради сите тие работи во позадина, а второ затоа што по појавувањето таму постои шанса само да се настапува по клубови и да се добие публика стекната само на туѓи песни, кои се веќе огромни хитови. Времето е многу променето. Сега „ѕвезда“ можеш да станеш и да направиш добар кавер на некој хит,уплатиш реклама по социјалните мрежи и ете ти пак настапи. Македонската музика е во тешка криза еден подолг период и вредностите се загубени.

На неговата неделна агенда, речиси секој ден стои настап во различен град, во Македонија и во Србија. Александар Белов, ѕвездата на „Операција триумф“, годинава ќе прослави десет години од неговото појавување во тоа реално-музичко шоу. Без оглед што како што вели не ја доживеал популарноста која по ОТ ја очекувал, упорноста и љубовта кон музиката го води напред. Секогаш насмеан, скромен и љубезен, Белов во себе ја носи топлината од истокот. Последниве неколку месеци поради љубовта кон својата Јелена Станковиќ, економистка од Крагуевац, тој го напушти својот стан во Скопје, и се пресели во Србија, не заборавајќи ја при тоа и неговата публика во Македонија и своето Неготино. За прв пат во својата кариера, Белов на поинаков начин зборува за љубовта, и за својот музички пат кој самиот го изодил.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести