Алекс Душабаев и Стојанче Стоилов во нашата „Пиколини“ градинка
Ракометни ѕвезди Алекс Душабаев, Стојанче Стоилов заедно со нивниот тренер Раул Гонзалез денеска имаа чест да остварат несекојдневна дружба со дечињата од нашата Интернационална градинка „Пиколини“.
Вардаровите ракометни мајстори дружењето го започна во дворот на градинката. Дружбата за кратко прерасна во една голема забавна игра. Низ еден непосреден однос ги запознаа дечињата со основните вештини и првите чекори во ракометот.
И како спортистите се трудеа да го разбудат спортскиот дух кај децата, парарелно, нашите дечиња ги инфицираа со детскиот дух во нив. Стоилов, Душанбаев и Гонзалес во непосредна и спонтана комуникација, на дечињата им објаснија како треба да се негува спортскиот дух кај секој спортист, како и што значи бодрењето за спортистите од страна на публиката и колку труд треба да се вложи за да се стане врвен спортист.
„ Ракометарите на Вардар беа одлични гости. Тие ни ја пренесоа својата страст кон ракометот, ги мотивира децата да го засакаат спортот, ќе ги инспирираа на добри практики. И понатаму ќе продолжиме да креираме единствени моменти и несекојдневни доживувања за нашите дечиња“ - изјави Марина Сивакова Тасков, сопственик и управител на градинката „Пиколини“.
Подоцна, во просториите на градинката дечињата имаа прилика да ги прашаат Стоилов, Душебаев и Гонзалез сé што ги интересира во врска со овој спорт, тренинзите, посветеноста и нештата кои треба да се исполнат за да се стане врвен спортист.
„Поканата која ја добивме од градинката „Пиколини“ многу значи за нас, а истовремено претставува и силен мотив да бидеме најдобар пример за овие дечиња. Убеден сум дека децата одлично си поминаа и дека уживаа во дружбата, но далеку повеќе уживавме ние со нив“ - изјави Стојанче Стоилов, пикер на РК Вардар и македонски ракометен репрезентативец.
За Интернационалната детска градинка „Пиколини“ ова беше само уште еден обичен работен ден. Убавите настани кај нас се секојдневие. Ние така постојано функционираме затоа што веруваме дека само со обезбедување на живописни, возбудливи и богати животни искуства може да се влијае врз правилниот раст на децата, развој на нивниот потенцијал и трасирање на патот како самостојно да размислуваат и соодветно да избираат.
Ако нешто сеуште не знаете за Интернационалната детска градинка „Пиколини“ повелете на - http://pikolini.edu.mk/.






