Албански агрономи заинтересирани за македонскиот лозов калем
Албански агрономи заинтересирани за македонскиот лозов калем
Делегацијата од албански универзитетски професори, претставници на албанското министерство за земјоделство, како и земјоделци од Албанија се запознаа со македонското производство на сертифициран калем. Делегацијата го посети бизнисот на семејството Мојсовски, кое живее во неготинското село Тимјаник и произведува сертифициран лозов калем.
“Нашата земјоделска компанија „Агро-калем“ веќе неколку години успешно се бави со производство на лозови калеми за потребите на лозарството во земјава. Гостите од Албанија посебно се интересираат околу производството на расадот за лозовите садници. Сакаат нашето искуство да го пренесат во сопствената земја“, рече сопственичката на „Агро-калем“, Васе Мојсовска. Посетата на Тимјаник беше во организација на албанското министерство за земјоделство
Слично
