Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аква Паркот во Скопје остана со затворени врати

Аква Паркот во Скопје остана со затворени врати
Ништо од најавено отворање на Аква Паркот во Скопје кое што требаше да се случи денеска. Комлексот кој е дел од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ своите врати ќе ги отвори во текот на неделава, но сеуште нема прецизирано на која дата. „Сакаме да Ве известиме дека отварањето на Градскиот Аква парк  кој  е во состав на СЦ Борис Трајковски нема да биде на 15 Јули 2013 година. Иститот е предвиден да биде отворен во текот на оваа седмица, но сеуште го немаме прецизирано датумот“, информираат од одделението за односи со јавност од С.Ц „Борис Трајковски“. Како што соопштуваат од спортскиот центар во моментов се тестира опремата, а датумот на отворањето ќе биде дополнително закажан. Ова е првиот аква парк во Скопје. Во него ќе има 10 тобогани, потоа има мултислајд, турбо-ленс и бумеранг-тобогани. Направени се и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти кои треба да понудат забава во вечерните часови. Како дел од комплексот е мрзливата река, неколку барови и ресторанот. Цената на билетот ќе биде 350 денари, додека за деца под 4 години влезот ќе биде бесплатен.
Слично

Поврзани вести