Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акционери во „Реплек“ продадоа 1.000 акции по попуст од 10 милиони денари

Акционери во „Реплек“ продадоа 1.000 акции по попуст од 10 милиони денари
Акционери од „Реплек“ одлучиле 1.000 акции купени со компаниски пари да продадат по цена што е 10.000 денари, пониска од берзанската цена, соопшти компанијата на македонската берза. Притоа акциите ќе се продадат според моделот „приватна понуда“ при што купувачот е познат и е договорен во четири очи. Со просто мнозинство на последното акционерско собрание е  одлучено акциите, кои се купени со пари на компанијата да не ги нудат на продажба на Официјалниот пазар на Македонската берза каде последната цена беше 46.500 денари, туку да ги продадат по цена од 36.500 денари за акција. Оваа одлука е законски легална, а се случува во исто време кога државата принудува на берза своите акции да ги котираат повеќе од 100 домашни компании.
Слично

Поврзани вести