Актерката Костадинка Велковска: „Поради тумор на тироидната жлезда можев да умрам и на спиење“
„Тумор на тироидната жлезда сум имала година дена пред да биде откриен. Често бев уморна, а штом ќе прозборев ќе почувствував замор. И мислев дека тоа е затоа што многу работев а нередовно и нездраво се хранев, раскажува Костадинка Велковска (69). Актерката не забележала ниту најмала промена на вратот, ништо не се видело ниту можело да се напипа. Да почувствувала каква било грутка, би реагирала. А дека има големи здравствени проблеми со тироидната жлезда тешко, би сфатила сама“ раскажува актерката со македонски корени.
Слично
