Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Ви се допадна „Еден на еден“…

Ако Ви се допадна „Еден на еден“…
Оваа недела започна емитувањето на шоуто Еден на Еден на тв Алфа. Она што продукцијата го најави, тоа и го исполни - вистинско ток шоу по сите стандарди кои со децении функционираат на запад. Новите ликови во емисијата си ја завршија работата, скечевите беа исклучително интересни, а Пеперминт се покажаа во супер издание, различно од она во кое сме навикнале да ги гледаме. Влатко Стефановски зборуваше за новиот албум, спот и турнеја, а не одби да зборува и за некои приватни теми и сподели неколку интересни семејни случки. Во паузата меѓу двете интервјуа Жаре и Влатко се пресметаа еден на еден во баскет, а потоа Александар Поповски зборуваше за неговиот нов филм. Жаре не пропушти да го праша и за некои постари искуства, па Ацо раскажа неколку интересни приказни поврзани со холивудските ѕвезди Џорџ Клуни и Раде Шербеџија. Следната епизода е во недела, 19:40 на Алфа тв, а гости се шоуменот Игор Џамбазов и менталистот и магионичар Душан Петковски. Погледнете ја целата емисија на линкот - http://youtu.be/8SA-qYCJWWc
Слично

Поврзани вести