Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако сте невработени, а обожавате чоколади, имате шанса да заработите

Ако сте невработени, а обожавате чоколади, имате шанса да заработите

Фирма која се занимава со производство на Милка чоколади бара професионален дегустатор.

Единствена обврска која овој работник ја има е да јаде чоколада и да дава искрени оценки за производот.

Работното време трае 7,5 часа од вторник до четврток, а среќникот ќе соработува со 11 лица.

„Дегустаторот ќе биде клучен во помагање да се усоврши и да „исфрли“ на пазарот сосема нов производ ширум светот“, велат од фабриката.

Заинтересираните лица мора да имаат страст кон слатките и добро непце за вкусот, како и желба да пробаат нови производи.

Искуство, велат не е потребно.

Слично

Поврзани вести