Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако сте на одмор во Грција или допрва ќе летувате, не одминувајте ги овие плажи

Ако сте на одмор во Грција или допрва ќе летувате, не одминувајте ги овие плажи

Летото се уште трае а доколку ваша дестинација оваа година е Грција Фактор ви ги открива топ 10 најдобри плажи кои би требало да ги посетите ако сте во нивна близина.

За овие плажи гласаа читатели на TripAdvisor, па оттука претпоставуваме дека ќе се пронајдете и вие барем во една од нив.

Плажата Елафониси на Крит, според гласови на туристите од цел свет, го зазеде првото место од вкупно 10 на листата најубави грчки плажи. 

Елафониси ќе ја најдете на југоистокот од Крит, околу 80 км од градот Чаниа, и е една од најинтересните и најчесто споменувани плажи на Крит.

Во прашање е прекрасна егзотична плажа со бел и розевкаст песок, кристално чиста , плитка и топла вода.

Листата изгледа вака: 

1. Плажа Елафониси, Крит

2. Балос лагуна, Крит

3. Симос Бич, Елафонисос

4. Клефтико плажа, Милош

5. Саракинико плажа, Милош

6. Порто Лимнионас плажа, Закинтос

7. Милос плажа, Лефкада

8. Каламаки плажа, Закинтос

9. Антони Квин плажа, Родос

10. Манганари плажа, Иос

Дали се согласувате со овој избор или дали сметате дека некои од плажите се достојни да се најдат на оваа листа од најубавите? Напишете ни во коментар.

Слично

Поврзани вести