АКО ПО ЦЕЛ ДЕН РАБОТИТЕ СЕДЕЈЌИ: Овие совети ќе ви го зачуваат здравјето
Стотици статии се напишани за тоа колку е штетно многучасовото седење не само за коските, туку за целокупната здравствена состојба. Доста луѓе сепак работат токму професии кои бараат седење по цел ден пред компјутер. Ако и вие сте меѓу нив, прочитајте ги овие совети.
Ако ве болат нозете ... не ги вкрстувајте. Ова ја влошува циркулацијата. Наместете ја височината на столот така што да може мирно да ги ставите стапалата на земја. Колената треба да се во положба на 90 степени или малку повеќе.
Ако ве боли грбот ... ставете перница зад него. Најмногу од сè, ако столот ви е подлабок и не можете да се потпрете, без да се повлечете надолу. Не брзајте да ги замените позициите, кога ви е непријатно, правете го тоа постепено.
Ако рацете ви се заморуваат ... движете го глувчето и тастатурата. Тие треба да се на еден лакт далечина. Зглобовите треба да ви се прави, не свртени настрана, а лактите - свитканите под агол од 90 степени.
Ако имате болки во вратот ... наместете го мониторот на вистинската височина, имено - на нивото на очите.
Ако имате проблеми со очите ... правете си паузи на секој час. Барем по 20 секунди не гледајте во мониторот. Ако компјутерот ви е блиску до прозорецот, поместете или спуштајте ги ролетните. Силната светлина однадвор дополнително ќе ги оптовари очите.
Ако воопшто се чувствувате лошо ... почнете да се движите повеќе. Правете лесни вежби барем по 15 минути на ден. Прошетка, наместо да го користите автомобилот или јавниот превоз. И не заборавајте да се храните здраво.
