Aко планирате да заминете во Швајцарија, ова мора да го знаете
Џ.К. пред девет години својот дом во Србија го заменил со оној во Швајцарија.
На сите кои сакаат да го сторат истото им препорачува дека мора да ги почитуваат правилата на игра, а тие се јасни.
Тој во 2009 година се преселил во Швајцарија, возел автобус во јавен превоз и вели дека искуствата му се позитивни.
Заработува околу 5000 франци, а платена му е ноќната, работата во недела и за празници.
Вели дека третина од платата се троши за изнајмување на стан, но цената зависи од кантон до кантон.
„Станот во кој живееме од 120 квадрати го плаќаме 2.400 франци, што е половина од мојата плата. Нормално дека го изнајмуваме, а мојата сопруга исто работи, но само два дена неделно. Со една плата можеме да живееме, но со многу одрекувања и штедење“- вели Србинот.
Раскажува дека петтина од платата се троши за храна, а третина за сметки.
За животот во Швајцарија вели дека е удобен, луѓето не се многу отворени, но се љубезни.
