Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако не Ви дадат фискална сметка, ќе јадете грчка салата без пари

Ако не Ви дадат фискална сметка, ќе јадете грчка салата без пари
Сите посетителите на барови, ресторани и кафулиња во Грција ако не добијат фискална сметка, нема да треба да ја платат направената сметка. Мерката сеуште не е донесена, но е во план да биде предложена од Министерството за развој, со цел да се ограничи затајувањето данок во Грција. Како што јавува весникот „Катимерини“, мерката е дел од серијата реформи за заштита на потрошувачите и помагање на бизнисот, што може да почне да се применува од следната седмица. Угостителските објекти во менијата ќе треба да ја впишат промената, пишува весникот.  
Слично

Поврзани вести